Радио
FM радиото зависи од антена која што е различна од антената на безжичниот
уред. Компатибилна слушалка или додаток треба да биде прикачен на
уредот за ФМ радиото да функционира правилно.
Предупредување: Слушајте ја музиката на умерено ниво.
Континуираното изложување на висока јачина на звук може да го оштети
Вашиот слух. Не држете го уредот блиску до Вашето уво кога звучникот е во
употреба, бидејќи јачината на звукот може да е исклучително висока.
Изберете Мени > Медиа > Радио.
За да го прилагодите нивото на гласност, движете нагоре или надолу.
За да ги користите графичките копчиња на дисплејот, движете горе, долу,
лево или десно.
За да го исклучите радиото, притиснете и држете го копчето за крај.