Повик
Изберете Мени > Прилагодувања > Повик и од следниве опции:
● Пренасоч. на повик — за да ги пренасочите вашите дојдовни повици
(мрежна услуга). Не ќе можете да ги пренасочите вашите повици ако се
активни некои функции за забрана на повик.
Видете
"Безбедност" стр. 39.
● Од. со било кое коп. — за да одговорите на дојдовен повик со кратко
притискање на било кое копче, освен на копчето за вклучување, левото
и десното изборно копче или копчето за крај
● Ав. повтор. пов. — за автоматско повторно бирање на бројот ако
повикот е неуспешен. Телефонот се обидува да го повика бројот 10 пати.
● Чистина на глас — за зголемување на говорната разбирливост, посебно
во бучни околини
● Брзо бирање — за да ги бирате имињата и телефонските броеви
доделени на нумеричките копчиња (2 до 9) со притискање и држење на
соодветното нумеричко копче
● Повик на чекање — за мрежата да ве извести за дојдовен повик додека
имате активен повик во тек (мрежна услуга)
● Траење на повик — Изберете за приказ на траењето на повикот кој се
одвива
● Инфо по повик — за краток приказ на приближното траење после секој
повик
● Испрати ID при пов. — за да го покажете вашиот телефонски број на
личноста која ја повикувате (мрежна услуга). За да ги користите
поставките договорени со вашиот добавувач на услуга, изберете Постав.
од мрежата.
Поставки
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
36
● Лин. за изле. повици — за да ја изберете телефонската линија за
упатување повици, ако вашата SIM картичка поддржува повеќе
телефонски линии (мрежна услуга)