USB податочен кабел
Можете да го користите USB податочниот кабел за пренос на податоци
помеѓу телефонот и компатибилен компјутер или принтер кој поддржува
PictBridge.
За да го активирате телефонот за пренос на податоци или печатење на слики,
поврзете го податочниот кабел и изберете го режимот:
● Прашај при пов. — за да го поставите вашиот телефон да прашува дали
треба да се воспостави врската
● PC Suite — за да го користите кабелот за PC Suite
● Печатење и медиа — за да го користите телефонот со PictBridge
компатибилен принтер или со компатибилен компјутер
● Складира. податоци — за да се поврзете на компјутер кој нема Nokia
софтвер и да го користите телефонот за сместување податоци
За да го смените USB режимот, изберете Мени > Прилагодувања >
Конектив. > USB дата кабел и саканиот USB режим.