Nokia 7210 Supernova - Bluetooth безжична технологија

background image

Bluetooth безжична технологија

Bluetooth технологијата ви дозволува да го поврзете вашиот телефон

користејќи радио бранови, со компатибилен Bluetooth уред во опсег од 10

метри (32 стапки).
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги

поддржува следниве профили: 2.0 + EDR општ пристап, мрежен пристап,

смена на општ објект, напредна аудио дистрибуција, далечинска аудио

видео контрола, хендсфри, слушалки, туркање објект, пренос на датотеки,

dial-up вмрежување, SIM пристап и сериски порт . За да осигурате

интеропратибилност помеѓу другите уреди што поддржуваат Bluetooth

технологија, користете додатоци за овој модел што се одобрени од Nokia.

Проверете со производителите на другите уреди за да ја утврдите нивната

компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат

побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на

батеријата.

Поставување Bluetooth врска

Изберете Мени > Прилагодувања > Конектив. > Bluetooth и преземете

ги следниве чекори:
1. Изберете Име на мојот телеф. и внесете име за вашиот телефон.
2. За да активирате Bluetooth поврзаност изберете Bluetooth > Вклучи.

покажува дека Bluetooth е активиран.

3. За да го поврзете вашиот телефон со аудио додаток, изберете Барај

аудио додат. и уредот што сакате да го поврзете.

4. За да го спарите вашиот телефон со било кој Bluetooth уред во опсегот,

изберете Спарени уреди > Додај нов уред.
Дојдете до најдениот уред и изберете Додај.
Внесете лозинка (до 16 знаци) на вашиот телефон и дозволете ја врската

на другиот Bluetooth уред.

Ако сте загрижени за безбедноста, исклучете ја Bluetooth функцијата или

поставете Видл. на мојот тел. на Скриени. Прифаќајте Bluetooth

комуникација само од оние на кои им верувате.
PC врска со интернет
Користете Bluetooth за да го поврзете вашиот компатибилен компјутер на

интернет без софтверот PC Suite. Вашиот телефон мора да има активирано

добавувач на услуги што подржува интернет пристап, а вашиот компјутер

мора да подржува Bluetooth мрежа на персонална област (PAN). По

поврзување на телефонската услуга мрежна пристапна точка (NAP) и

спарувањето со вашиот компјутер, вашиот телефон автоматски отвора

интернет врска на пакетни податоци.

Поврзаност

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

32