Опции за време на повик
Многу од опциите што можете да ги користите за време на повик се мрежни
услуги. За достапноста, контактирајте со вашиот добавувач на услуги.
За време на повик, изберете Опции. Достапните опции може да го содржат
следново:
Опции на повик се Исклучи или Вклучи звук, Контакти, Мени, Заклу.
тастатура, Снимај, Чистина на глас, Звучник или Слушалка.
Мрежни опции се Одговор или Одбиј, На чекање, Активир. повик, Нов
повик, Додај на конф., Заврши повик, Зав. ги сите повици и следниве:
● Испрати DTMF — за праќање тонски низи
● Замена — за промена помеѓу активниот повик и повикот на чекање
● Трансфер — за да поврзете повик на чекање со активен повик и да се
исклучите самите
● Конференција — за да креирате конференциски повик
● Приватен повик — за да имате приватна дискусија во конференциски
повик
Предупредување: Не држете го уредот блиску до Вашето уво кога
звучникот е во употреба, бидејќи јачината на звукот може да е исклучително
висока.
Повици
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
21
4. Пишување текст
Режими на текст
За да внесете текст (на пример, кога пишувате пораки) може да користите
традиционално или предвидливо внесување на текст.
Кога пишувате текст, притиснете и држете Опции за да се префрлате помеѓу
традиционално внесување на текст, означено со
и предвидливо
внесување на текст, означено со
. Сите јазици не се поддржани со
предвидливото внесување текст.
Големината на знаците е означена со
, и
. За да ја смените
големината на знаците, притиснете #. За да смените од режим на букви во
режим на броеви, означен со
, притиснете и држете # и изберете Режим
на броеви. За да смените од режим на броеви во режим на букви, притиснете
и држете #.
За да го поставите јазикот за пишување, изберете Опции > Јазик за
пишување.
Традиционално внесување текст
Притискајте нумеричко копче, 2 до 9 повеќепати, додека да се појави
саканиот знак. Достапните знаци зависат од избраниот јазик на пишување.
Ако следната сакана буква е лоцирана на истото копче како тековното,
почекајте додека да се појави курсорот и внесете ја буквата.
За да пристапите до најчестите знаци на интерпункција и посебни знаци,
притискајте го нумеричкото копче 1 или притиснете * за да изберете посебен
знак.
Предвидливо внесување текст
Предвидливото внесување на текст е базирано на вграден речник на кој исто
така можете да му додавате нови зборови.
1. Почнете да пишувате збор, користејќи ги копчињата 2 до 9. Притиснете
го секое копче само еднаш за една буква.
2. За да потврдите збор, движете надесно или додадете празно место.
● Ако зборот не е точен, притискајте * и изберете го зборот од листата.
● Ако после зборот е прикажан знакот ?, зборот кој сте имале намера да
го напишете не постои во речникот. За да го додадете зборот во
речникот, изберете Спелувај. Внесете го зборот користејќи
традиционално внесување на текст и изберете Зачувај.