Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на
технологија за управување со дигитални права (DRM) за заштита на нивната
интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој уред
користи различни типови на DRM софтвер за пристап до содржини заштитени
со DRM. Со овој уред можете да пристапите на содржина заштитена со WMDRM
10, OMA DRM 1.0, OMA DRM 1.0 однапред заклучени и OMA DRM 2.0. Ако
одреден DRM софтвер не успее да ја заштити содржината, сопствениците на
содржината може да побараат да биде повлечена таквата DRM софтверска
можност за пристап до новите DRM заштитени содржини. Повлекувањето
исто така може да спречи обнова на таквата DRM заштитена содржина која
е веќе во вашиот уред. Повлекувањето на таквиот DRM софтвер не влијае на
употребата на содржина заштитена со други типови на DRM или употребата
на содржина што не е заштитена со DRM.
Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање
што ги дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите
резервна копија на клучевите за активација и на содржината, користете ја
функцијата за правење резервни копии на Nokia PC Suite. Другите методи на
префрлување може да не ги префрлуваат клучевите за активирање кои
треба да се овозможат со содржината за да можете Вие да продолжите со
користење на содржината заштитена со OMA DRM откако меморијата на
уредот ќе биде форматирана. Може исто така да треба да ги повратите
клучевите за активирање во случај датотеките на Вашиот уред да бидат
оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и клучевите за
активирање и содржината ќе бидат изгубени ако меморијата на уредот се
форматира. Може исто така да ги загубите клучевите за активирање и
содржината ако датотеките на Вашиот уред бидат оштетени. Губењето на
клучевите за активирање или на содржината може да ја ограничат Вашата
можност за повторно користење на истата содржина на Вашиот уред. За
повеќе информации, контактирајте го Вашиот оператор.
2. За почеток
Инсталирање SIM картичка и батерија
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја отстраните
батеријата.
Овој телефон е наменет за употреба со батеријата BL-4CT. Секогаш
употребувајте оригинални Nokia батерии.
Видете "Упатства за проверка на
Nokia батерии" стр. 54.