Софтверски ажурирања
Nokia може да произведе софтверски ажурирања кои можат да нудат нови
одлики, подобрени функции или подобрени перформанси. Можеби ќе
можете да ги побарате тие ажурирања преку Nokia Software Updater PC
апликацијата. За да го ажурирате софтверот на уредот, ви треба Nokia
Software Updater апликација и компатибилен компјутер со Microsoft Windows
2000, XP или Vista оперативен систем, широкопојасен интернет пристап и
компатибилен податочен кабел за да го поврзете вашиот уред на
компјутерот.
За да добиете повеќе информации и да ја преземете апликацијата Nokia
Software Updater, посетете го www.nokia.com/softwareupdate или вашиот
локален Nokia веб сајт.
Ако вашата мрежа поддржува софтверски ажурирања преку етерот, можеби
ќе можете и да барате ажурирања преку телефонот.
Видете "Софтверски
ажурирања преку етерот" стр. 39.
Важно: Користете само услуги на кои им верувате и кои нудат
адекватна сигурност и заштита од штетен софтвер.