Функции без SIM картичка
Некои функции од вашиот телефон можат да се користат без вметнување
на SIM картичката, како функциите од организаторот и игрите. Некои
функции се појавуваат затемнети во менијата и не можат да се користат.
3. Повици
Упатување повик
Можете да упатите повик на неколку начини:
● Внесете го телефонскиот број, вклучувајќи го и повикувачкиот број и
притиснете го копчето за повик.
За меѓународни повици, притиснете * двапати за меѓународниот префикс
(знакот + го заменува меѓународниот пристапен код), внесете го кодот на
државата, повикувачкиот број на местото по потреба без почетната 0 и
телефонскиот број.
● За пристап до листата на бирани броеви, притиснете го еднаш копчето за
повик во режим на чекање. Изберете број или име и притиснете го
копчето за повик.
● Побарајте име или телефонски број кој сте го снимиле во Контакти.
Видете
"Управување со контакти" стр. 29.
За да ја прилагодите гласноста при повик, движете нагоре или надолу.
Дојдовен повик
За да одговорите на дојдовен повик, притиснете го копчето за повик. За да
го завршите повикот, притиснете го копчето за крај.
За да одбиете дојдовен повик, притиснете го копчето за крај. За да го запрете
тонот на ѕвонење, изберете Иск. зв..
Кратенки за бирање
Прво доделете телефонски број на едно од нумеричките копчиња, 2 до 9.
Видете "Доделување кратенки за бирање" стр. 31.
Користете кратенки за бирање за да упатите повик на еден од следниве
начини:
● Притиснете нумеричко копче, потоа копчето за повик.