Nokia 7210 Supernova - Грижа и одржување

background image

Грижа и одржување

Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и изработка и кон него треба

грижливо да се однесувате. Следниве сугестии ќе Ви помогнат да ја

заштитите важечката гаранција.
● Чувајте го уредот сув. Преципитацијата, влажноста и сите типови на

течности и влага може да содржат минерали што ќе ги кородираат

електронските кола. Ако Вашиот уред сепак се навлажни, отстранете ја

батеријата и оставете уредот целосно да се исуши пред да ја смените.

● Не го користете или чувајте уредот во прашливи, нечисти места. Неговите

подвижни делови и електронски компоненти може да се оштетат.

Грижа и одржување

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

55

background image

● Не го чувајте уредот на топли места. Високите температури може да го

намалат векот на електронските уреди, да ги оштетат батериите или да

искриват или растопат одредени пластични делови.

● Не го чувајте уредот на студени места. Кога уредот се враќа на нормална

температура, во внатрешноста на уредот може да се формира влага и да

ги оштети плочките на електронските кола.

● Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин освен како што е

наведено во ова упатство.

● Не го испуштајте удирајте или тресете уредот. Грубото ракување може да

ги скрши внатрешните плочки на колата и прецизната механика.

● Не користете груби хемикалии, раствори за чистење, или јаки детергенти

за чистење на уредот.

● Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави подвижните делови и

да спречи правилно функционирање.

● Користете мека, чиста, сува ткаенина за чистење на било кои леќи, како

што се камерата, сензорот за близина и леќите на светлосниот сензор.

● Користете ја само антената што е приложена или нејзина одобрена

замена. Неодобрените антени, модификации или приклучоци може да го

оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио уреди.

● Користете ги полначите во затворен простор.
● Секогаш направете резервна копија на податоците што сакате да ги

зачувате, како што се контакти и белешки од календарот.

● За да го ресетирате уредот од време на време за оптимални перформанси,

исклучете го уредот и отстранете ја батеријата.

Овие сугестии се однесуваат подеднакво на Вашиот уред, батерија, полнач

или било кој додаток. Ако било кој уред не работи правилно, однесете го до

најблискиот овластен сервис.